Во Индустриската зона Прилеп 1 започнаа градежните активности за проширување на производствениот процес на прилепските компании „Годом" и „Уникат градба". На површина од 2.200 квадратни метри, двете компании планираат да ја изградат халата за сервисирање одржување и поправки. Покрај тоа, комплексот ќе содржи и техничка служба и стовариште со погонот за производство на прехранбени прашкасти производи, со што значително ќе го зголемат производствениот процес. Инвестицијата во вредност од 400 илјади евра ќе овозможи и нови педесетина вработувања.
Во Индустриската зона Прилеп 1 започнаа градежните активности за проширување на производствениот процес на прилепските компании „Годом" и „Уникат градба".
На површина од 2.200 квадратни метри, двете компании планираат да ја изградат халата за сервисирање одржување и поправки. Покрај тоа, комплексот ќе содржи и техничка служба и стовариште со погонот за производство на прехранбени прашкасти производи, со што значително ќе го зголемат производствениот процес.
Инвестицијата во вредност од 400 илјади евра ќе овозможи и нови педесетина вработувања.